Петар Печков
Објавено: вторник, 15 јануари 2019
Вчера попладне, понеделник, две сообраќајки во една. Минибус удрил пешак, при увидот автомобил удрил полицаец. СВР Велес со повеќе информации во пишаното соопштение.
На 14.01.2019 година околу 18.00 чaсот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес минибус „Аутосан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.П.(63) од Велес удрил во пешакот П.Ц.(58) од Велес. Од ударот пешакот се здобил со телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница - Велес и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување. За време на увидот, околу 18.30 чaсот, полициски службеник, додека вршел обезбедување на местото, бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(45) од Велес. Од ударот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и со службено возило бил пренесен во Општата болница Велес. По укажаната помош тој бил пуштен на домашно лекување - инфоpмираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Извршен бил увид на местото на настанот.
Tweet |