речник контакт

Министерката Шукова најави дека е разрешен проблемот со локацијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Според проектната документација, вредноста е околу 24 милиони евра, средства од ЕУ

Петар Печков

Решен е проблемот со локација каде треба да биде поставена пречистителната станица од колекторскиот систем за отпадни води за Велес.  Ова го потврди министерката за животна средина Каја Шукова, при посетата на Велес.

Службеник од министерството за земјоделие, превидел и локација каде треба да се гради колекторот, ја дал за подигање на лозови насади.  

„Се соочивме со  таков проблем. Излеговме на терен, со компанијата која ја добила парцелата за подигање на лозови насади, исто така со средства од ЕУ,  со чии средства ќе гради и колекторски систем. Не можеме да дозволиме каде сме добиле европски пари да направиме штета. Направивме отстапка, ја информиравме општината, технички тоа  не влијае врз проектот“ - рече Шукова.

Со проектот  треба да се прифатат сите  отпадни води од левата страна на градот, да се постави цевка под реката Вардар, близу автобуската, да се префрлат на десната страна. Потоа да се носат до пречистителната станица. Таа е планирана под вливот на реката Бабуна во река Вардар, низводно од Велес.

Според проектната документација,  вредноста е  околу  24 милиони евра,средства од ЕУ. Поради комплексноста и специфичноста на теренот, би траела  подолг временски период.  Проектот е во надлежност на  Министерството за животна средина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »