речник контакт

Министерот Спасовски во Велес

За промените во ДОЦ, за недостатокот на полицајци во ПС Велес, за улогата на полицијата во изборниот процес

Петар Печков

 Министерот Оливер Спасовски  беше во посета на СВР  Велес,  а целта како што тој објасни  е согледување на состојбите во секое СВР, кога тие  имаат клучна улога во спроведувањето на изборниот процес. 

 Бев информиран дека  има недостаток на техничко -  материјални средства, недостаток на човечки капацитети и како тоа во иднина да се надминува. Граѓаните мора да ја почувствуваат полицијата како нивен сервис.    Ова е сензитивен период, дадов наредби да се постапува исклучиво законски,  политиката да се тргне од полицијата. Апелирам до сите граѓани кои се на територија  на СВР Велес, доколку почувствуваат  било каков притисок или  вклучување во  изборни  активности на било кој вработен во   полиција , веднаш да пријават. Тоа не е работа на полицијата. Нејзина  работа е да ги штити граѓаните и изборниот процес   - изјави Спасовски. 

Одговарајќи на новинарски прашања тој одговори и за написите  во дел до медиумите за промена на цел Дежурен  Оперативен центар во ПС Велес.

Факт е дека има неколку хоризонтални поместувања, кои се дозволени со дополнувањата на Законот за Влада. Тоа  не е ништо вообичаено, поместени се неколку полициски  службеници заради одредена  функционалност, по проценка на СВР Велес и од мене.  

Дали некој од 600-те полицајци неодамна промовирани и завршени е распределен во   ПС Велес?

Полицајците  кои неодамна  дадоа заклетва не се распредели оти  очекуваме  согласност од Министерството за финансии за нивно распределување. Одредена бројка од нив ќе има и во СВР Велес, за да се надомести тој недостаток на кадри, кој го  има  ен само тука.

Дали е  во согласност со прописите на МВР, полициско  возило да биде придружба на автомобил брза помош, затоа што пренесувал  повреден кој е син на вработен полицаец и затоа што така побарал  таткото?

Доколку полицијата може да помогне, тоа треба да го стори без разлика за кој се работи.  Живото на граѓаните е далеку повреден од  било што друго. 

За дополнување станува збор за случај од пред две седмици кога камион кој превезувал дрва во Демир  Капија се превртел, при што четири лица  беа повредени, две потешко и  според зборовите на дежурниот доктор од велешка Болница, биле вон животна опасност.   Едното од тешко  повредените - 19 годишно момче беше донесено а потоа и префрлено во Ургентен во Скопје при што при транспортот како чистач и во двата правца поред колата на брза помош имаше полиција со ротирачко светло.  Вака било постапено по налог на таткото на момчето, кој бил вработен во полиција. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »