речник контакт

Министерот Меџити објави дека за потребите на велешка болница набавени се два апарати вредни 7,5 милиони денари

Меџити одговори и кога ќе биде распишан конкурсот за прием здравствен персонал кој со години е ангажиран со договор на дело

Петар Печков

При денешната посета на Министерот за здравство на Општа болница Велес, тој објави  за два ново набавени апарати, кои се веќе поставени  во операциона сала и се во функција.  Апаратот за анестезија чини 4 милиони а респираторот 3,5 милиони денари, средства од буџетот на Министерството за здравство.

„Набавена е нова медицинска опрема.  Нивната вредност на двата апарати  е 7,5 милиони денари. Како никогаш  досега вложуваме во нова медицинска опрема, го зголемивме двојно буџетот и во 15 здравствени установи обезбедивме нова современа опрема. За една година направивме сериозно зајакнување на јавното здравство со нова апаратура, лекови и реконструкции. Продолжуваме со позитивните промени“ - кажа министерот Фатмир Меџити.  

„Едниот нов апарат е за анестезија и за возрасни и за деца. Може да работи и на механика и на електрична инсталација, што е мошне значајно. Добивме и апарат респиратор за пациенти кои имаат потреба од пост оперативна механичка вентилација од најсовремен вид.  Со овие два апарати се подобрува здравствената услуга и безбедноста на самите пациенти“   д-р Марина Леова специјалист анестезиолог.

Министерот Меџити одговори и на различните толкувања на користењето на магнетната резонанса од страна на Министерството за здравство и од Државниот завод за ревизија. На 15 јануари министерот кажа дека има проблеми со термините за снимање, иако претходно ДЗР констатирал дека од вкупно 110 илјади слободни термини, искористени биле  56 отсто а годишно на еден апарат се снима 2800 пати, што е под просекот во Европа, каде се движи до три пати повеќе.

„Потпишавме меморандум со ДЗР за да нема повеќе пропусти и  злоупотреби. Констатираните проблеми нема да ги решиме преку ноќ, но работиме да ги решиме.  Има пропусти, има злоупотреби, секој ден ја дисперзираме апаратурата низ цела држава.  Имаме контролори, кој го разгледуваат „Мој термин“ детално ги гледаме сите недостатоци, ако има и дали има злоупотреба. И  за некое време ќе излеземе во јавноста ако имало, кога и каде било сторено“ - кажа министерот Меџити.   

Тој одговори и на новинарското прашање кога ќе биде распишан конкурсот за прием на здравствен персонал кој со години е ангажиран со договор на дело.

„Лично се ангажирав за 1.117 вработувања.  Тоа го правиме во консултација со правните служби. Ги собираме сите согласности и во краток рок ќе ги распишеме  и ќе ги запазиме роковите“ - кажа министерот Меџити.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »