речник контакт

Министерот Тодоров пет дена во велешката Болница

Тодоров: Има подобрување на состојбите во Велешката болница особено во делот на хигиената и организацијата. Врчаковски колегите од рентген работат со голема љубов и ентузијазам

Петар Печков

 Започна петдневниот престој и анализа на работа на велешката Општа Болница од страна на министерот за здравство Никола Тодоров.  Ој констатира дека има подобрување на состојбите во оваа здравствена институција  по стапувањето на новиот менаџерски тим  и тоа  во делот на хигиената и во еден дел на организацијата во болницата. Ова е проект во рамки на Кајзен проектот на Министерството.

Завршени се техничките работи околу изградбата на болничката мртовечница   и деновиве  ќе биде објавен тендерот за најдобар изведувач на работите за нејзино целосно реновирање. Видов дека има подобрувања во организацијата на работа како  и на хигиената - изјави министерот Тодоров.

Директорот на Болницата Атанас Василев информираше дека е завршен конкурсот за избор на четворица доктори , чиј избор се очекува наскоро по што ќе следи нивно вработување а со тоа и екипирање на докторите.

Стручна помош на лекарите од велешката болница денеска им даваше доктор Миодраг Врчаковски, кој изјави дека е многу одличен еланот за работа  на неговите колеги од велешката болница.

Колегите веќе се добро обучени за работата со компјутеризираната томографија, а тоа значи дека тие дневната норма си ја извршуваат, а денеска им помагав во обработка на некои случаи кои беа проблематични. За одбележување е нивната желба и љубов кон работата, иако треба да се работи на екипирање оти нивната возраст ќе значи  за некоја година и нивно одење од тука. Констатиравме дека има проблеми во административниот дел, нејаснотии каде пациентите треба да се јават за преглед оти овој оддел има два ката, ова ќе се реши во текот на оваа седмица – рече проф д-р  Врчаковски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »