речник контакт

Министерот Филипче го повика владиката Агатангел да го повлече повикот за масовна посета на храмовите на Задушница

Тоа е спротивнo на сѐ она што го правиме за спречување на заразата од ковид-19 и спротивно на уредбите на Владата - рече Филипче

Петар Печков

Повикот на Митрополитот  на Повардарската епархија, Владиката  Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус, смета  Министерот за здравство Венко Филипче. Тој побара од  Владиката да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

Го повикувам Владиката  да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму - кажа Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Повардарската Епархија на МПЦ-ОА денеска ги повика верниците од црквите во велешко, кавадаречко, неготинско и гевгелиско, масовно да ги посетат храмовите за Задушница и да носат со себе варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »