речник контакт

Министерот Чулев ги посети полицајците кои се задолжени во Велес да ги спроведуваат мерките за полицискиот час (фото)

МВР соопшти дека пет лица помлади од 18 години не го почитувале полицискиот час а имало 971 лице во самоизолација

Петар Печков

Министерот Чулев денес ги посети полициските службеници од СВР Велес кои се ангажирани во спроведувањето на мерките на Владата поврзани со ограничувањето на движењето, но и полициските службеници кои ги обезбедуваат објектите што се наменети за лицата кои се сместени државен карантин.  Чулев го посети државниот карантин во хотел Монтенегро, Полициска станица Велес како и влезот и излезот од градот, каде има екипи на велешката полиција.   

На територијата на СВР Велес во изминатиот период, односно од воведување на полицискиот час, констатирано e дека вкупно 123 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, а од нив 5 се лица на возраст до 18 години. Од страна на Секторот за внатрешни работи во Велес до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 72 кривични пријави и 2 известувања за вкупно 85 лица - информираа од МВР.

На подрачјето кое го опфаќа Секторот на внатрешни работи Велес издадени се вкупно 79 решенија за изолација и пополнети се 971 изјава за самоизолација. Од страна на полициските службеници констатирани се 12 прекршувања на изјавите за самоизолација и поднесени се соодветни пријави до јавното обвинителство. 

На територијата на СВР Велес во моментов има три објекти, освен Монтенегро, два се во Кавадарци, во кои се спроведуваат лицата кои се сместени во државен карантин и во нив заклучно со денес сместени се вкупно 131 лице, од кои на 84 лица веќе им завршила мерката карантин.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »