Петар Печков
Објавено: недела, 06 февруари 2022
Министерот за здравство, Беким Сали денес, недела, ја посети велешката Болница, поточно Инфективното одделение кое е ковид центар, заедно со Физикалното. Тој им посака побрзо оздравување на пациентите хоспитализирани во Ковид центарот во велешката болница
„Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите Ковид центри да им дадеме поддршка и на здравствените работници за пожртвуваноста и борбата за секој човечки живот. Заедничка цел е зголемување на опфатот со вакцинација и почитување на превентивните мерки“ порача министерот Сали.
Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните.
Тој повторно испрати апел за важноста на вакцинацијата, која е од големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштита на здравјето на населението.
Tweet |