Петар Печков
Објавено: среда, 20 март 2024
На конкретното прашање министерот за образование Јетон Шаќири без конкретен одговор. Тој заедно со техничкиот премиер Талат Џафери беа во посета на училиштата во Чашка, во Согле, ѐгорно Јабилчиште. ТрМр во два наврати изминатата есен постави прашање по електронски пат до Министерството за образование но одговор не доби. Прашањето беше поставено и денес лично до Министерот Шаќири, без при тоа да се посочуваат етнички заедници.
Прашањето се однесува на уписот во велешката Гимназија, кога лани есента по бројни притисоци и ургенции, сепак беа примени одреден број ученици, иако имаа помал број од мининалните 60 поени, со кои е потребно да се конкурира за упис во прва годиниа. Наспроти ова исто така одреден број ученици, при уписот во јуни и јули во Гимназијата , бидејќи немаа доволен број од минимумот 60 поени беа одбиени и тие не се запишаа во најстарата обрзована институција во Македонија.
На овој начин, едни да се запишата со помал број потребни поени а други да бидат одбиени со исто така помал број бодови, ученици беа дискирминирани и доведени во нерамноправна положба, која беше поддржана од Министерството за образование. Одговорот на министерот Шаќири општ, без прецизен одговор.
„Прашувате само за едно училиште а јас можам да зборувам за повеќе примери на територијата на државата. Средното образование е загарантирано и секое дете треба да посетува средно училиште. Наназад 10-15 години Министерството за образование дозволило ученици да посетуваат настава , во нивен интерес. Не треба да гледаме кое дете во која насока и од која националност го бара правото на образование“ – одговори Шаќири.
Но не кажа зошто други, со исто така помал број бодови, како овие што беа примени, останаа без посакуваното образование.
Tweet |