речник контакт

Министерство за здравство со превентивни мерки за заштита од високите температури

Внимавјте на сопственото здравје до сабота,поради високото зрачење на УВ зраците. Пијте вода не алкохол. Повеќе информации на www.toplotnibranovi.мк

Петар Печков



 Да се избегнуваат какви било напорни активности (вклучувајќи и спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот - од доцна наутро до доцна попладне), а во текот на топлите денови да се остане повеќе во затворени простории, пред се климатизирани или извесен период да се помине во најблискиот климатизиран трговски центар, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и  капа, да се внесува помало количество храна (помалку мрсна храна), и повеќе течности.

Ова се дел од препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Македонија до граѓаните за заштита од високите температури.

Оние кои поради болест треба да избегнуваат повеќе течности за истото да се консултираат со матичниот лекар. Поради високите температури граѓаните треба да избегнуваат консумирање алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци или поголеми количини шеќер, а при неопходен престој на отворен простор да најдат можност за почести одмори под сенка.

При привремено излегување од возилото  се препорачува да се отвори прозорецот и да се овозможи вентилација и да не се остава никого во возилото. Посебно внимателни треба да бидат хронично болните, особено оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните болести, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија и за сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат матичниот доктор.


Се препорачуваат и мерки за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените  или на планините според висината на температурите изразена во 4 нивоа: зелено ниво (нема опасност), жолто ново (вонредни мерки), портокалово ниво (опасност) и црвено ниво (катастрофални температури).

Системот се базира на 48-часовно предупредување, согласно информациите добиени од Управата за хидрометеоролошки работи и се однесува на 6 региони во државата. Информациите секојдневни ќе се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.мк, а граѓаните информациите можат да ги добиваат и на СОС  бесплатниот телефон на Црвениот Крст на Mакедонија- 02/3221902 (од 10-18 часот).

Во делот на директната изложеност на сонце и влијанието на УВ зраците, се наведува во соопштението од Министерството, потребно е да се знае дека треба задолжителна заштита од УВ зраците и тоа носење капа, очила за сонце, користење креми за сончање со висок заштитен фактор 50 и повеќе  и носење лесна, светла и удобна облека. Како споредни и секундарни можни болести и заболувања предизвикани од топлото време или други можни ризици по здравјето во услови на високи темепратури, се труењата со храна и појавата на цревни заразни заболувања.

Треба да се внимава на следниве препораки кои гарантираат намалување на ризикот од небезбедна храна: одржување на чистотата, одделете ја сировата од подготвената храна, подготвувајте (варете) ја храната добро - над 70 степени, чувајте ја храната на безбедни температури во фрижидер, користете безбедна вода и свежи продукти со  задолжително миење на земјоделските - градинарски прозиводи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »