Петар Печков
Објавено: среда, 04 февруари 2015
Одисејата на велешанецот Методи Вељанов во борбата за месечен стечаен надоместок продолжува. Иако неговатг жалба од страна на Министерството била прифатена, Агенцијата за вработување повторно го одбила.
Се жалев до Министерството за труд и социјална политика, од каде добив позитивен одговор на жалбата. Таму пишува дека мојот престанок на работниот однос не бил по моја воља, туку по поради технолошки и структурални промени, таму каде работев. Тоа е побивање на обаснувањето од велешкото Биро, со кое тие ме одбија пред шест месеци. Поднесов деновиве повторно документи во велешката Аганција за вработување и пак експресно ме одбија. Со образложение, овој пат дека престанокот на работниот однос во фирмата каде подоцна работев, такси компанија, бил по моја воља. Претходно ме одбија по друг основ, сега по друг основ. Секогаш различно а со цел да не добијам средства, кои убеден сум дека ми следат. Повотрно ќе поднесам жалба до надлежното Министерство - вели Вељанов.
Топј безмалку 25 години работеше во спортска сала 25 мај, од каде е напуштен од работа заедно со други седумина колеги, поради економски и структурални причини и се прогласуваат за технолошки вишок. А од документот добиен од Фондот на ПИОМ пишува дека Методи Вељанов има 26 години стаж. Тој од Агеницијата за вработување бара да му се додели месечен стечаен надоместок за лица кои работеле повеќе од 25 години во јавна администрација или државни претпријатија.
Tweet |