Петар Печков
Објавено: петок, 18 септември 2015
Долго очекуваниот одговор од Министерството за образование, конечно стигна во локална власт на Општина Велес. Надлежните кажале да, подрачното ОУ во Превалец,кое е дел од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари, може да се припои кон ОУ Васил Главинов од Велес.
Министерството за образование ја потврди одлуката на Советот на општина Велес. По ова следи вториот и финален дел до припојувањето на училиштето. Така ќе се задоволат потребите на родителите. Ова ни дава за право дека постапката била добар потег и оправдан. Сега на потег се директорите кои треба да подготват Статути, кои ќе дојдат на седница на Совет,кога конечно ќе се изврши припојувањсето на правен начин. Советот треба да ги усвои тие Статути со што прпоцесот ќе се затвори - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Во прво одделение во ОУ Рајко Жинзифов, Чадиев напомна дека бројот на ученици е тројно зголемен, па ниту наставниците ниту локалното население немаат погреба да стравуваат за иднината на школото.
Tweet |