речник контакт

Министерството се повлече, електронскиот рецепт стартува од 1 август

Министерството по проблемите за издавање електорнски рецепт се повлече и најави негов старт еден месец подоцна. Вторник претпладне сеуште има проблеми со издавањето на рецепти, не само во Велес туки низ цела Македонија

Петар Печков

Примената на електронскиот рецепт ќе започне од 1 август, а не од 1 јули  како што првично беше најавено.
Министерството за здравство, наспроти проблемтие на терен и револтот од докторите и пациентите,  извести дека денеска успешно стартуваше системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ и тоа во делот на електронско упатување со закажување и Е-рецепт. Но, биле забележани неколку маргинални проблеми со истиот.

„Би сакале да им се извиниме на сите оние кои поради овие недостатоци имале непријатности во реализацијата на нивните потреби и истите ги реализирале со потешкотии или не успеале воопшто“, стои во соопштението.

„Министерството би сакало да потенцира дека ова е прв и единствен засега ваков огромен систем, кој се имплементирал во кој било здравствен систем воопшто. Имавме максимален број на реализирани разменети податоци, над 1.500.000 податоци што претставува убедливо најголем број разменети податоци во единствен систем во историјата на Република Македонија. Проблемите коишто беа детектирани најмногу се должат на неусогласеноста и неоптимизираноста на програмските пакети коишто ги користат лекарите од примарна здравствена заштита со софтверот на Министерството“, соопшти МЗ.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »