речник контакт

Миодраг Стошиќ од Србија првонаграден на Фестивалот на афоризми и сатира „Џинот“

Етноафоризам на Фестивалот е „Многу е вредна и паметна. Вода во решето носи“

Петар Печков

Човек може да преживее пет  дена без вода и пет  минути без мобилен телефон. Значи мобилниот е извор на живот, овој афоризам е еден од десетте на првонаградениот автор  Миодраг Стошиќ, Србија на третиот меѓународен фиствал на афирмизмот и сатирата „Џинот“ кој се одржа во Велес. 

За најдобар етноафоризам на Фестивалот беше прогласен на авторката Верица Блажеска од Македонија – „Многу е вредна и паметна. Вода во решето носи“. 

Признанието за најдобар афоризам на фестивалот го доби Милко Стојаковиќ од Србија за - Некогаш водата немаше боја, мирис и вкус, но тоа беа заостанати времиња. 

Конкурсот на афоризми на фестивалот  беше  на тема „вода“. На него се пријавија учесници афористичари, сатиричари од Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија, Канада и Македонија. 

На манифестацијата се одржа  портрет на сатиричарот Ристо Филчевски од Струмица и  промоција на книгата афоризми „Отскочна јамка“ од Витомир Долински. 

Вниманието на гостите го привлекоа и следните афиризми:
Чаша вода пред спиење е добра идеја.. ако сакаш да се будиш во три наутро – Вероника Садовска Добревска - Свети Николе
Се поголем е бројот на коњите кои ја матат водата – Кире Василевски, Велес
Солзата е вода исполнета со  чувства – Митра Дупчинова Битола
Без вода нема живот, особено за млекарите – Јован Јовчевски  Прилеп
Постои некои кој не сака вода, чорапите и скинатеи чевли -Соња Даниловска Пробиштип
Полесно ќе стигнеме во Европа, не пуштија низ вода - Живко Ѓуза – БиХ
Реките се чисти, во нив истураме огромни количини шампони и детергенти – Александар Чотриќ Србија 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »