речник контакт

Мирана најдобро мало претпријатие во Македонија

Мирана произведува 70-тина производи, меѓу нив маргарин, кечап, мајонез, сенф, оцет, преливи.

Петар Печков

Сојузот на стопански комори на Македонија ги прогласи најдобрите претприемачи за 2010 во категориите микро и мали претпријатија.

Во категоријата мали претпријатија златна статуетка и 61 илјада денари му беше врачена на Зоран Мирсинов, менаџер во претпријатието за прехранбена дејност „Мирана“ од Велес, додека сребрена статуетка и 25 илјади денари му беа доделени на Бојан Пановски, еден од менаџерите на Спортскиот центар „Форца“ од Скопје.

Изборот на најдобрите во овие две категории e направен од 142 микро и мали претпријатија кои забележале раст по основ на број на вработени, приходи, добивка и инвестиции во периодот од 2007 до 2009 година.

Според податоците од Централниот регистар изминатата година во Македонија се регистрирани 44.567 микро, 16. 179 мали и 516 средни претпријатија.

МИРАНА е друштво со ограничена одговорност, во приватна сопственост, основано во 1999год. На почетокот од своето работење започнува со производство на наменски и маргарини за широка потрошувачка. За да понатаму ја прошири и збогати својата палета на производи  со кечап, мајонез, преливи, сенф, оцет и др. 

Денес се произведуваат повеќе од седумдесет производи. МИРАНА е увозник на палмини масти, кои покрај тоа што ги користи во сопственото производство ги дистрибуира и до  производители на пекарски и кондиторски производи.
За полесно остварување нa производството на квалитетни и безбедни производи, менаџерскиот тим на МИРАНА  има донесено политика за квалитет и политика за безбедност на производите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »