речник контакт

Мирен првомајски ден, само една сообраќајка

Сите учесници во сообраќајката минале со полесни повредни

Петар Печков

Според информација од ЈЗУ Општа Болница Велес, во текот на вчерашниот првомајски ден, имале интервенција во само една сообраќајка, други посериозни настани немало. МВР информираше за сообраќајката која се случила близу мостот на Вардар кај Башино село.   

На 01.05.2019 година во 14.20 часот  на улица „Вардарска“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(38) од Велес, а сопатник било дете на возраст од 10 години и патничко возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.С.(32) од Велес во кое биле и сопатниците С.Д.С. и  Н.Д.- информираат од МВР.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес, портпаролот Марина Андова кажа дека сите лица имале полесни повреди. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »