Петар Печков
Објавено: среда, 02 јануари 2019
Пречекот на Новата 2019-та година минал мирно. Велешани биле примерни за новогодишната ноќ, ако се суди според информациите од велешката болница и полиција.
Од МВР за 1-ви јануари како настан го водат инцидентот кој се случил пред дискотека во 3 часот. Нападнато било 17 годишно момче а полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Не се регистрирани сообраќајки.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека имале мирна ноќ. Едно лице било донесено на хирургија, како последица на тепачка и тоа откако му е пружена потребната помош, хоспитализирано и денес е пуштено дома. Немало давање на помош поради сообраќајни незгоди.
На интерното одделение немало лица кои побарале помош поради алкохолизираност или прејаденост а на нервното одделение поради користење на наркотици.
Tweet |