речник контакт

Мирна новогодишна ноќ во Велес

Немало сообраќајки, тепачки, прејадени, алкохолизирани...

Петар Печков

Пречекот на Новата 2022 година во градот поминал мирно и без инциденти. За ова зборуваат информациите од надлежните служби.  Лекарската екипа на Итната помош немала вонредни интервенции.

„Немало сообраќајки, и други сериозни нарушувања на јавен ред од каде е побарана помош од лекарска екипа.  Имало седум повици за домашни посети  и 17 прегледи“ - кажа д-р- Васе Пановска началник на Итната помош во Велес.

Во велешка Болница немало интервенции за новогодишната ноќ.

„ На хируршкото одделение немало пациенти кои побарале помош дали од повреди на   петарди, соборајќи, тепачки“ рече д-р- Ванчо Граматов.  

„На Интерното одделение  не се донесени пациенти  кои биле алкохолизирани, или прејадени. Имавме мирна ноќ“ рече д-р Верица Јуртиева.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »