речник контакт

Мировен протест за Македонија во Женева

На 20.04.2008 во Женева пред зградата на Обединетите нации, се одржа мировен протест со цел да им се даде подршка, на македонците каде и да се, да останат заедно сложни и да не прифаќаат никакви нови, горни, долни или било какви придавки на името, бидејќи Македонија е една и таква ќе остане.

Аница Солева

На 20.04.2008 во Женева пред зградата на Обединетите нации, се одржа мировен протест со цел да им се даде подршка, на македонците каде и да се, да останат заедно сложни и да не прифаќаат никакви нови, горни, долни или било какви придавки на името, бидејќи Македонија е една и таква ќе остане.



Протестот беше одржан исто и за македонските права и признавање на геноцидот врз Македонците од страна на Грција.
 

Исто така беше направена документација која беше предадена лично во обединетите нации во која се бара од швајцарската федерација Македонија да ја признае под нејзиното уставно име. На крајот на протестот се запалија илјадници свеќи за настраданите македонци.


 
Имаше македонци скоро од цела Европа, Франција, Германија, Италија, Австрија… броевме негде околу 1500, се вееја македонски знамиња, се пееја македонски песни, имаше културно уметнички друштва се играаа ора, се свиреше на македонски народни и национални инструменти, на гајда, на кавал и на кемане. Тука исто се појави и борецот за македонските права во Грција, архимандритот Никодим Царкњас, на кој во два наврата му беше каменувана куќата.



За целиот настан беше известен кабинетот на Црвенковски и кабинетот на Груевски од кој не добивме никаков одговор, беше повикана и Македонската државна телевизија која одби да присуствува на протестот.

Овој митинг е во организација на сите македонски друштва и црковни општини без разлика дали припаѓаат на Заедницата на Македонските друштва или пак на форумот на Македонските заедници.

 
Ве известува

Стојановски Благојче, Франција/Париз

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »