Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 ноември 2021
Конституиран е новиот совет на општина Градско. За претседавач е избрана Мирјана Ѓорѓиева од ВМРО-ДПМНЕ која во наредните четири години ќе претседава со ова тело на локалната власт. Таа кажа дека и е чест и задоволство што има можност да ја извршува оваа функција.
„Очекувам дека со колегите советници во овој четири годишен мандат ќе имаме одлична соработка. Таа соработка ќе биде плодна и со градоначалникот и администрацијата од локалната власт а се во интерес на граѓаните од Општина Градско“ - рече Ѓорѓиева.
Советот брои девет члена, од нив мнозинството - пет го сочинуваат од листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата додека четворица се од коалицијата на СДСМ. Градоначалник во Градско е Киро Нацков, од редовите ан ВМРО-ДПМНМЕ.
Tweet |