речник контакт

Мистериозна смрт на велешанка

Обдукцијата ќе го даде одговорот за причините на смртта на Дeјана Наумова

Петар Печков

Смртта на велешанката Дeјана Наумова (35 год) засега останува неразјаснета. Таа во понеделникот наутро е најдена како лежи пред влезот на зградата каде живее на улица Андон Шурков, комплекс УЗУС. Според полицијата  тоа се случило во 7,30 часот по што била повикана Брза помош, која ја пренела во Општата Болница,

Таму била примена во Одделението за  интензивна нега и реанимација, но според информациите од Болницата , пациентот кога бил донесен веќе бил мртов. Не помогнале и обидите за реанимација.

По ова, а по барање на истражен судија телото е предадено на обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта. Од   Дневниот центар за зависници во Велес информираа дека такво лице не бил нивен пациент, не се наоѓа на нивната листа на корисници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »