речник контакт

Мистериозно изгубени пронајдоци низ времето

Некои од најдобрите пронајдоци кои исчезнале со текот на времето.

Петар Печков

Пронајдоците го туркале човештвото напред и го подигнувале технолошкото ниво на општеството, но низ вековите некои неверојатни нешта исчезнале и повторно се појавиле, а некои од нив морале повторно да бидат измислени за да повторно човекот да ги користи.


1. Грчкиот оган - Легендарното оружје на византиската војска која ја добивала секоја поморска битка. Се`уште не се знае како било направено, кој бил составов и како можеле толку сигурно да го транспортираат.

2. Флексибилно стакло - Ова стакло било создадено за време на владеењето на римскиот император Тибериј Цезар. Стаклото не се кршело туку се продлабочувало, а Цезар го погубил оној кој го измислил за да не се намали вредноста на златото и среброто.

3. Зраците на смртта - Тесла, Маркони и неколку генијалци тврделе дека измислиле смртоносен знак во 20-те и 30-те години на минатиот век, меѓутоа сите документи исчезнале или биле уништени.

4. Челик од Дамаск - Легендарниот меч од Дамаск и денес  има неверојатна сила и острина, а процесот на изработка бил изгубен откако починал и последниот ковач.

5. Механизмот од Актикитера - Генијалјна машина за следење на небесните тела близу островот Актикитера.

6. „Уништувач“ на облаците - Пронајдокот на Вилхем Рајх како и многу други работи кои ги измислил овој генијален Австриец бил изгубен после палењето на неговите книги и белешки.

7. Силфиум - Растението со одлично влијание врз здравјето било толку важно што се наоѓало на римските монети. Не се знае за кое растение се работи, но се претпоставува дека исчезнало.

8. Виолините на Страдивариус - Инструменти со прекрасен звук и издржливост кои не може да ги повтори ниту модерната технологија.

9. Машината за земјотрес на Тесла - Мала машина која се ставала на зграда и ја рушела со вибрации, без оглед на нејзината големина. Машината била уништена од самиот Тесла од страв да не се злоупотреби.

10. Римскиот цемент - Овој градежен материјал го користеле античките Римјани за нивните сензационални градби кои траат веќе 2.000 години. Како се прави? Никој не знае.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »