речник контакт

Мистеријата на камените топки во БиХ

Едни веруваат дека топките се остатоци од метеорити кои порано паднале на ова подрачје, а други сосема сериозно велат дека топките се всушност дело на некоја древна цивилизација

Петар Печков


Жителите на Мечевиќ од кога знаат за себе знаат и за мистериозните топки.  Никој не знае од кога се тука и како се појавиле. Едни веруваат дека топките се остатоци од метеорити кои порано паднале на ова подрачје, а други сосема сериозно велат дека топките се всушност дело на некоја древна цивилизација. Научниците во БиХ сите ги исмеваат и велат дека се работи за природна појава која целосно може да се објасни, настанати со повлекување на глечерите.

Барајќи ги мистериозните топки екипата на Агенцијата Анадолија во шумскиот предел на Зеничко-добојскиот кантон, меѓу Сјеча и Хрчевина, пронајдоа поток а во потокот топките - огромни, совршено исполирани и толку тешки што луѓето едвај ги поместуваат.

Жителот на Мечевиќ, Хазим Икановиќ гордо зборуваше за Паркот на камените топки, кој се наоѓа во близина на неговата куќа.

Јас сум роден тука и цел живот ги гледам топките. Местово го нарекуваа Парк на камени топки, пред неколку години, кога јавноста ги дозна. Но, тие постоеја и пред тоа. За нас, тие се непознаница. ние само ги гледаме како некои фигури - вели Икановиќ.

Овој чуден феномен е мистерија и за истражувачите, кои доаѓале да ги проучуваат. Икановиќ откри за новинар на Анадолија дека луѓе пристигнувале од сите краишта на светот за да се уверат во чудото од Мечевиќ.

Имаше многу посетители, од сите краеви на светот. Од Америка, Египет... И никој не даде официјален одговор. Има такви кои велат дека се метеорити, такви кои велат дека се Божји подарок. Секој има своја приказна, а се додека секој има своја приказна, тие и навистина се интересни - вели низ насмевма Икановиќ.Нема жител на Мечевиќ кој може да даде прецизен податок од каде се овие огромни топки во потокот.

Како се раѓаа нови генерации ги гледаа топките. Мојот татко е роден во 1912 година, а и тој кога се родил топките биле тука. Има тука една, која се стркала низ брегот во потокот, или последната година од изминатата војна, или првата година по војната. Сите други се тука од кога знаеме за себе - вели Икановиќ. Некои топки се нанижани една врз друга, а некои се одделени.

Топките не привлекуваат многу туристи. Лошо сме организирани и слабо заинтересирани. Но и наспроти тоа, има голема посета на странци. Некогаш има и по пет автобуси дневно, а некогаш нема никој - вели Икановиќ.

Паркот го уреди еден од жителите на Мечевиќ, малку со свои пари, а малку со помош на донации. Патеката е поплочена, поставени се клупи, а тука има и лулашки и клацкалки за деца. Летно време меѓу дрвјата и покрај потокот е многу убаво - вели Икановиќ.

 Неколку топки мештаните ги извадиле од потокот и ги ставија пред своите куќи. Некои топки децата ги обоија, а некои се и преполовени во обид да бидат извадени. Научниците кои доаѓаа не предупредуваа да не ги поместуваме ниту да ги оштетиме на било кој начин. Така денес тие стојат каде што се и навистина изгледаат необично - рече староседелецот на Мечевиќ.

Доаѓаа и многу новинари, се присети Икановиќ, а секој имал своја приказна. Некои за топките известуваа дека се работи за вистински метеорити, други овој феномен го нарекоа дело на човечка рака, а имаше и такви кои сите ги исмејуваа.

Жителите на Мечевиќ велат дека можеби е подобро топките да останат непознаница, бидејќи се додека немаат своја цел, на сите ќе бидат интересни.

Генерации ќе доаѓаат и ќе си одат, а секој ќе има свое мислење за топките. Ќе може да фантазира дека тие се метеорити кои го погодиле токму ова сели во близина на Завидовиќи.

Феномени на камени топки, освен во Завидовиќ, има и во други краишта на Босна и Херцеговина во Какањ, Бањалука, Теочак, Мостар, Олово, Жепќа, Грачаница... Повеќето се со помали димензии, но има и такви со обем од еден метар и тешки по неколку тони.

Имало обиди топките да се претстават како научна фантастика и да станат доходовна туристичка атракција, но без значаен успех. Пораките на локалните вљубеници во мистериозните топки дека ова е феномен кој не постои никаде во светот, би ги побиле научните тези дека топките се последица од геолошки процеси кои можат да се објаснат и дека слични топки се најдени и во други делови во светот.

текстот е преземен од агенцијата  Анадолија Турција

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »