Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 октомври 2006
По четири години упразнето место, Повардарската Епархија доби Митрополит и тоа Владиката Агатангел кој се врати во Велес по шест години, откако на истата функција во МПЦ беше во периодот 1999/2000.
Неговата Интронизација беше во Соборниот храм Св.Пантелејмон во Велес и на свечениот чин беа сите Архијереи на МПЦ предводени од Поглаварот г.г Стефан, во сослужение со бројно свештенство и пред многу гости и верници.
Тој на Митрополитот Аганангел му посака успешна работа и побара да го исчисти каколот што е посеан по македонските духовни полиња. Претходникот кој раководеше со Повардарската епархија расчинетиот Владика Јован, г.г. Стефан не го спомена во говорот но остро го нападна нарекувајќи го среброљубец и предавник.
- Последните години Повардарската Епархија беше жива рана од која страдаше МПЦ. Во нашата црковна и национална историја не паметиме такво зло и предавство. Тој се што сакаше беа парите и како таков го купија а поради среброљубието ете каде заврши. Претрпевме многу горчини овие години и од север и од југ, а тоа за жал не престанува. Злото и омразата кон македонскиот народ го претворија во лага пред другите црква и светот, но ќе дојде крајот на неправдите кон нашата Црква , народ и име-рече Поглаварот на МПЦ г.г Стефан при инторнизацијата на Владиката Агатангел за Митрополот на Повардарската Епархија.

Tweet |