Петар Печков
Објавено: вторник, 06 јуни 2017
Велешките атлетичари имаа успешен настап , во неделата во Врање.
Таму се трчаше маратон и полумаратон, каде трето место во овие конкуренции, во апсолутна а категорија освоија двајца велешани.
Трајче Михов 42 км ги истрча за 3:31 часа, додека Ангелина Панова полумаратон 1:50 час. Ова беше прв маратон кој го организираше градот Врање.
На него учествувале 150 тркачи, а се трчало по градските улици. Панова освои трето место меѓу 45 учеснички а Михов меѓу 36 тркачи. Учестувале тркачи од Македонија, Словенија, Велика Вританија, Холандија, Србија.
Tweet |