Петар Печков
Објавено: четврток, 19 ноември 2015
Жител на велешко Горно Оризари, Алдин Реч е добитник на наградата на НЛБ Тутунска банка, автомобил Мицибуши АЅХ . Тој е извлечен од илјадниците учесници. Интересно е кога тој ја направил трансакцијата.
Купува од Нептун во Велес, производ во висина од 1,8 илјади денари. И тоа на 13-ти петок. Така среќата ме посака, токму на овој ден - изјави добитникот Реч.
Во наградната игра учествувале 48.239 трансакции реализирани од 13,538 клиенти во периодот од 15 октомври до 15 ноември, кога требало да направат трансакција од Мастеркард картичките, од најмалку 500 денари, во платниот промет во земјава. Биле доделени и парични награди во износ од 30 илјади, 10 илјади, 5 и 3 илјади денари.
Tweet |