речник контакт

Мицковски - градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат зрелост, храброст, чесност, отвореност, транспарентност

На средба со граѓаните беше освен лидерот и градоначалникот на Велес Марко Колев

Петар Печков

Денес   на средба со граѓаните  беше градоначалникот на Општина Велес Марко Колев и претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Темата беше  „Твојата идеја за промена“, на која граѓаните можат да предложуваат проекти и идеи кои сакаат да  бидат вклучени во следната буџетска година на општината.

„Имаме издвоено сериозна сума на финансии за подобрување на инфраструктурата во градот и општината, бетонирање, бехатонирање, асфалтирање. За десетина дена ќе имаме голем тематски настан каде што граѓаните ќе може да кажат кои тоа улици треба да се градат. Потоа  ќе излеземе на терен, со стручните служби за  до февруари  да бидат познати кои тоа улици ќе се работат. Не ова да биде одлука на тесен круг луѓе, туку на поширок, по барање на граѓаните. Имаме неколку големи проекти кои ќе ги работиме. Во првите три месеци од следната година мораме да го ставиме покриениот пазар во функција, кејот на Вардар, промена на целосно уличното осветлување. Со грант од милион евра од Светска банка треба да се уредат пет  улиците, но и  Луј Пастер, Љубљанска, 8 март да бидат додадени и реконструирани.  До година треба да се уреди спортските терени и паркот  кај Железен мост,  паркот и игралиштето во Тунелот, Младинскиот парк“ -кажа градоначалникот Колев.


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните за реализација на проекти во 2023 година.  

„Општина Велес има амбициозна агенда за следната година, многу проекти оваа година  зад себе реализирани.  Предвидени се 1,5 милион за инфраструктура во општината. Градоначалниците кои се од ВМРО-ДПМНЕ не добиваат дотации од Владата, за разлика на тие од СДСМ и ДУИ, кои ниту даваат отчет  каде ги потрошиле дотациите од централниот буџет. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат зрелост, храброст, чесност, отвореност, транспарентност, кои ги поседува секој современ народен политичар ги поседува“- кажа Мицковски. 

Тој се осврна на интервјуто на премиерот Ковачески, за Буџетот за 2023 година.

„Успеав да го прочитам тоа пишано интервју на Димитар Ковачевски и би сакал да кажам три поенти. Првата поента е кога вели дека ова е развоен Буџет, не е развоен  туку е инфлаторен. Зошто инфлаторен? Затоа што основата на неговото димензионирање е инфлацијата. Тие велат имаме зголемени буџетски приход поради зголемена инфлација и таа ја проектираат на ниво од 7.1%. Што значи дека сиромашните граѓани дополнително ќе ги осиромашуваат преку даноци и тие даноци ќе ги прибираат за нетранспарентно трошење на Буџетот. Ковачевски вели дека растот на бруто домашниот производ ќе достигне стапка од 5%. А, истата таа Влада, преку  министерство за финансии вели дека следната година ќе имаме раст од 2.9%. Ако премиерот вели 5%, а министерството за финансии вели 2.9% грешката помеѓу едниот и другиот орган е некаде околу повеќе од неколку стотици милиони евра. Трето се трансферите и дотациите кон Општините кои што велат дека ќе се случат. Исто и тука има голема лага. Еве гледате од искуство од прво лице, што значи тоа опструкции, притисоци, уцени, закани итн., инспекции на терен. Се сѐ прави само да се спречи развојот на општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ“- кажа Мицковски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »