речник контакт

Мишковски од ВМРО-ДПМНЕ претседавач на Советот од Општина Чашка, поддржан со гласовите од СДСМ

Конституиран е новиот совет на општина Чашка. Советниците потпишаа изјава во која стоеше уставното има на државата, Северна Македонија

Петар Печков

Конституиран е  новиот совет на општина Чашка.  За претседавач е избран Трајче Мишковски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија” кој  во наредните четири години ќе претседава со ова тело на локалната власт. Тој кажа дека и е чест и задоволство што има можност да ја извршува оваа функција. Почеткот тој го започна со зборовите од народна поговорка „Рацете може да се исперат, ама образот не“.

„Ова е одговорност но и можност, заедно со вас, преку нашата работа, проектите да ги реализираме и да придонесеме за подобро утре на секој жител на општина Чашка. Во ова просторија да влегуваме со соблечени партиски маици, туку да носиме такви со кои ќе бидеме слуги на граѓаните не на партиите. Да бидеме коректив на погрешните одлуки на градоначалникот и поддржувач на одлуките од кои граѓаните и жителите на општината имаат бенефит“ - кажа во воведното обраќање Мишковски.   

Советот брои 11 члена, по  четири имаат коалицијата на СДСМ и на ДУИ, додека коалиција на ВМРО-ДПМНЕ има три. Мишковски беше изгласан  со седум гласа „ЗА“, три на ВМРО-ДПМНЕ и поддржан од СДСМ..

Против кандидат  на Мишковски, при изборот за претседател на Советот, беше Ибраим Исмаиловски од коалицијата  „Сите заедно“ на ДУИ, Алијансата и Алтернатива, кој доби четири гласа. Советниците потпишаа изјава во која стоеше уставното има на државата, Северна Македонија. 

На изборот реагираше советникот Халит Фератов од ДУИ, кој рече дека  изборот на Мишковски, е еднонационален и со тоа е нарушен мултиетничкиот состав во општината, извор кој предизвикува поделби.

„Од следната седница  на Советот за одлуките кои е потребно двотретинско мнозинство, со Бадинтеров принцип, дали ќе имате осум гласа. Треба да се запрашате. Изградивте коалиција, која е единствена во Македонија и верувам дека нема да оди долго. Барам сите материјали за седниците, да бидат двојазично и за седниците да обезбедите добар преведувач. Урнат е мултиетничкиот карактер на Општина Чашка“- кажа Фератов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »