речник контакт

Млад велешанец возел БМВ со забрана за управување а странската е под сомнение дека е фалсификат

Младиот возач приложил возачка дозвола од Обединети Арапски Емирати

Петар Печков

Ноќеска  велешката полиција уапсила млад сограѓанин, кој управувал автомобил за чие користење има забрана а актуелната возачка дозвола од Обединетите Арапски емирати има сомненија дека е фалсификувана. Деталите од информацијата на МВР.

„На 3 февруари во 02:40 на ул. Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29 год) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки,  кое го управувал, при што на увид приложил возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, за која постои сомнение дека е фалсификувана и која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило“ – соопшти МВР. 

Возачот бил задржан во полициска станица, а возилото било одземено.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »