Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 февруари 2022
Вчера, во неделата уапсен бил велешанец, кој нападнал полицајци. Со повеќе детали од СВР Велес.
“На 27-ми февруари, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Д.(21) од Велес затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а се обидел и да избега“ -соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |