Петар Печков
Објавено: среда, 26 јуни 2024
Вчеравечер, вторник, кај младо момче, кое го сопрела сообраќајната полиција, пронајдена марихуана а возачката дозвола му била фалсификувана. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 25 јуни во 22.25 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Н.Ц.(24 год) од Радовиш, поради тоа што управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола, а при прегледот од страна на полициски службеници од СВР Велес кај него била пронајдена и одземена и марихуана“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За случајот известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него, полицијата ќе поднесе соодветни пријави.
Tweet |