речник контакт

Млад скопјанец се удави на велешко езеро

М.С. (28 год) бил во друштво со татко му

Петар Печков

Во саботата попладне, млад скопјанец се удавил на езеро Младост. Очевидците велат дека настанот се случил на плажа во близина на бродот Панини а момчето било во друштво со татко му. 

На 11-ти јули  во 15.30 часот било пријавено дека во Велес, во водите на езерото „Младост“, М.С.(28) од Скопје влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил - соопштија од МВР.


Телото на М.С. било извадено од водата,после 40-тина минути,  лекар од Итната медицинска помош констатирал  смрт.
 
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба  на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »