речник контакт

Младинскиот црковен хор ,,Св. Кирил и Методиј,, од Велес втор на хорски натпревар во Херцег Нови

Во конкуренција на 13 хора, младите велешки хористки ги собраа аплаузите од публиката

Петар Печков

Црковно младинскиот хор  ,,Св. Кирил и Методиј,, од Велес го освои второто место на Меѓународниот фестивал на хорови ,,Херцег Нови,, .

Фестивалот се  одржа во истоимениот црногорски град, со учество на   тринаесет  хорови од Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора.

Тие учествувале во категорија на детски и  младински хорови.  Хорот од Велес беше под диригентство на Веселинка Маџарова Андова, професорка по музичко воспитување.

Беше чест и задоволство  да се биде дел од натпреварот,   не постојат зборови за да се опишат чувствата, восклиците на присутните во катедралниот храм Св. Јеронимо во  во Херцег Нови, кои воодушевени од прекрасните изведби на нашиот хор, не ги штедеа дланките со громогласни аплаузи за младите хористки. Настапивме со дела од македонски автори, со световна и дувовна музика – изјави Андова која е дипломирана соло певица.

На Фестивалот победија два хора    женскиот младински  хор ,,Јосип Каплан,, од Риека Хрватска и женскиот младински хор ,,Ветер,, од Љубљана - Словенија  а трето место освои женскиот младински хор  ,,Вили,, од, Кула,Србија.  

Црковно младинскиот хор  ,,Св. Кирил и Методиј,, работи од 2012-та година под покровителство на Повардарската Епархија во Велес. Хорот кој според структурата е  женски  камерен,  брои 22 хористки од 13 до 20 година возраст и најчесто на репертоарот има духовни и световни  композиции а секоја недела пее на литургиите од црквите во Велес.  

Минатата година во истиот овој период октомври, Младинскиот  црковен хор ,,Св. Кирил и Методиј,,  го освои третото место на меѓународниот хорски натпревар, кој се одржа во Паралија Грција, во конкуренција на 20-тина хора од  десетина европски држави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »