Петар Печков
Објавено: петок, 03 април 2015
Рекордни цени бележи младиот кромид ова пролет. Постарите жители велешко Башино село не памтат кога се плаќало вака високо за килограм или по сноп. Објаснуваат дека со децении младиот кромид имал ваква вредност. Башино село е најголемиот производител на млад кромид во земјава и снабдува дел до пазарот во Хрватска, Србија и Косово. Но годинава го нема ниту ни за домашната трпеза.
Цената на еден килограм е 80 денари. За споредба лани беше 20 денари. Или еден врзоп млад кромид се купува од 250 до 300 денари. Не памтиме кога оваа култура имала ваква висока вредност. Но ја нема. Затоа е толку скапа - вели домаќинка од Башино село.
Ако изминатите години секојдневно од селото кон Хрватска,Србија заминуваа по два-три шлепери, годинава за десетина дена едвај само два. Откупувачите од струмичко трпеливо чекаат на влезот во селото. Но производители немаше. Вчера, четврток беше последниот ден кога се извезува за Хрватска, за потребите на католички Велигден. Но шлеперот споро се полнеше. По ова се очеквау цената да се симне.
Годинава беше мошне лоша за младиот кромид. Многу влажна, Не стигна да порасне. Го има по нивите ама жолт е, никој не го сака таков. На многумина Вардар зимава им го поплави, уште е под вода или тиња. Потоа немаше сонце за го угрее, дождлива, многу лоша година - додава друг произведувач кој донесе неколку сандаци со ова рано градинарска култура.
Освен струмичани, младиот кромид го откупуваат и ситни прекупци од скопско. Ако тие изминатите години доаѓаа со камионџија, годинава со автомобили. Ќе земат по некој сноп и заминуваат. Толку има. Семејството Рогужарови е едно од ретките кое успеа да има добар род.
Годинава е супер со цената, оти има слабо кромид. Ама ние успеавме да извадиме голема количина, квалитетна. Работата трудот што го вложивме ни се исплати. Еве се што имаме веднаш се купува - објаснува Ристе Рогужаров.
И додека на големо цената е висока, на мало по велешкиот пазар младиот кромид се продава два врзопи за 15 денари, цена слична на ланската. Башиноселци додаваат дека годинава пипер и домат ќе имаат високи цени и првиот домашен род а на пазарот ќе се појави некаде во јуни, поради поплавите и влажната година.
Tweet |