речник контакт

Младите велешани ги учат старите занаети (фото)

65 деца учат грнчарство, столарија, копаничарство, ткаење и плетење и изработка на накит

Петар Печков

По деветти пат, во куќите  на уметноста, во Велес се одржуваат работилници за изучување на стреи занаети. Ги учат најмладите, децата од основното образование. 

Во куќата на Кочо Рацин е грнчарска работилница, во куќата на Васил Главинов е столарската работилница, во куќата на Јордан Хаџи Константинов Џинот е за накит, а во куќата на Касапови е ткајачката и работилница за копаничарство. 

Од година во година овие работилници земаат се повеќе замав, има поголем интерес. Тоа е од значење и за нас, како здружение. За седум дена, не можеме некого да направиме занаетчија, но можеме  вградиме интерес, да помогнеме амбицијата да  се реализира во било кој од овие занаети.   Се трудиме како организација преку други проекти, овие занаети го оживееме, децата да работат повеќе од седум  дена, да го кренеме занаетчиството на повисоко ниво, да не го оставиме на маргините  - ја образложи идејата на  настанот,    Гоце Станчев претседател на Граѓанската организација  ,,Разбој,,.

Седумнаесет деца, најмногу се во куќата на Рацин, каде учат грнчарство.

Овој занает е многу тежок, но интересен за работа.  Има голем интерес кај децата, некои доаѓаат и по трет пат, има и девојчиња, кои грнчарството го сметаат за уметност. Повеќе се девојчиња  отколку машки. Дали Кочо Рацин го носи неговото?  Се изработува икебани, вазни, каленици,    украсни предмети. Откако глината ќе се исуши, ги цртаат преминуваат на уметнички работи, уметничка керамика -  Цветан Шопов раководител на грнчарската работилница.
Многу е интересно овде, другаруваме, учиме. Ова е креативна работилница, од глината создаваме различни работи- чинии, грнчарија, чаши. Годинава дојде моја другарка Јована и заедно работиме  - рече  Катерина Трипчева осмо одделение од ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот.

Таа  доаѓа по трет пат а дел од предметите кои ги изработиле се кај неа дома и со гордост ги покажува на нејзините пријателки, другарки кога ќе дојдат кај на гости.

Дојдов на научам нешто, да се забавувам. Дојдов покрај сестра ми која работи накит – додаде   Лазе Мицев, четврто одделение од ОУ Блаже Конески,  кој доаѓа прв пат. 
 Во куќата на Васил Главинов, кој бил столар, се учи  столарскиот занает.

Децата изработуваат макети, сувенири од дрво и тоа ореово.  Некој доаѓаат и по трет пат, некои прв пат.   Ова е машки занает,  потребна е дисциплина, оти се работи со остри предмети.  Има интерес, тоа е добро, прашуваат, се консултираат  - објаснува  Трајче Игнов, координатор на столарската работилница, годинава  учествуваат 11  деца. 

Убаво е овде, интересно мие, сакам да работам со дрво.  Научив нешто  претходните две години, имам дома некои предмети кои сум ги изработил и со гордост ги покажувам на гостите. Тоа се куќа за пилиња, чамец, кајак   - вели  Јордан Калешов,  кој по трет пат доаѓа на оваа работилница а завршил деветто одделение во ОУ Благој Кирков.

Во куќата на Џинот се учи типично женски занает според популацијата која го посетува, изработка на накит.
Секоја година  се повеќе и повеќе девојчиња има. Имаме голем интерес, бидејќи оваа работилница е привлечен . За секое девојче ова е голема желба, да изработи белегзија, ланче, обетки, прстен, венчиња.  Има вешти девојчиња, многу сум задоволна. Секое девојче тоа што ќе го бендиса го зема за себе а нешто останува и за Музеите – објаснува     Тања Таневска раководи  со работилницата за накит, каде учествуваат 14 девојчиња. 

 Доаѓам секое утро во осум часот, тоа не м и пречи. Тука сум два пати. Денес изработувам, ланче. Тука сме само девојчиња и супер ни е. Лани тоа што го изработив, ми е дома, како спомен – рече  Ивана Јанкуловска, која е четврто   одделение во ОУ Васил Главинов.

Во Куката на Касапови, две работилница, за ткаење, плетење и за  копаничари.

Има дечиња кои многу се интересираат. Им покажувам од прв пати и веднаш сфаќаат и ткаат. Изработуваат торбиња, дипличиња,  скуталиња, од се по нешто. Нешто носат дома, нешто остават тука за спомен - рече   Вида Станчева, која ги учи децата на ткаење. Годинава има осум деца  и за прв пат едно машко.

Се решив за ткајачката работилница, оти е  интересна, инвентивна, занимлива. Според мене од четирите  работилници кои ги има  тука, ја   одбрав оваа, иако бев и во работилницата каде се изработува накит, јас изработив  обетки   - кажа  Дамјан Таневски   кој е седмо одделение  од Скопје и деновиве е на гости кај баба и дедо.

Тука научив плетење кое подоцна и дома го работам, преку  цела година. Тука и ткаам, бидејќи дома тоа не  можам да го работам.  Дома имам мое дело –торби, дипличиња, чорапи, шал, и со нив се гордеам кога ги носам. Другарките немаат интерес за ова за жал   - вели   Симона Трајкова трета година на ткајачка работилница.

Таа е и највозрасна на работилницата, заврши прва година во Коле Неделковски.  

Ова е летна школа за копаничари, втора година по ред. Годинава имаме 14 млади, тоа е оптимум, со оглед на капацитетот за работа. Таа може да им  овозможи само вработување. Се работи на ореово дрво. Долг е патот на дрвото до негова финална изработка.  Има деца кои беа и лани. Денес гостин ни беше мајсторот Љубомир Бисин, кој ги советуваше а в  сабота се надеваме дека ќе отидеме кај  него во работилница на гости – рече       Филип Спирковски раководител на копаничарската работилница која е во соработка со Советот на млади од Општина Велес.

Дојдов за да го усовршам своето знаење, да научам некоја нова вештина за резбањето , нова техника. Лани изработив цвет – ружа а потоа и вазна, во дрво. Се надградувам, еве за три дена изработивме и некои предмети  - рече Николче Ѓоргиевски кој годинава го заврши основното образование во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, а втор пат учествува на копаничарската работилница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »