Петар Печков
Објавено: вторник, 25 јули 2017
Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција при ПС Велес, преземени биле засилени контроли кон возачите кои управуваат мопеди и моторцикли.
При контролата од СВР Велес информираа дека се констатирани вкупно 60 прекршоци, од кои најчест прекршок е неносење на заштитен шлем за кои е предвидено глоба во износ од 50 евра, како и управување без возачка дозвола.
Исто така, во текот на викендот се констатирани и 3 прекршоци против возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол, истите се исклучени од сообраќај.
Во текот на викендот покарактеристичен настан е кога е постапено по пријава од граѓанин за лице кои управувало автомобил, на регионален пат правец Штип- Велес и се движело неконтролирано, лево десно по патот. На овој начин автомобилот и возачот, кој бил од Кочани, претставувале опасност по останатите учесници во сообраќајот.
Од страна на сообраќајна контрола на даден знак да застане истиот не ја почитувал наредбата односно незастанал и се дал во бегство, по што се упатиле по него и возилото е пресретнато и застанато, и при извршената контрола е констатирано дека истиот го управува возилот под дејство на алкохол, неположено и нерегистрирано. Истиот е исклучен од сообраќај со цел да не ги доведеува во опасност останатите учесници во сообраќајот –соопштија од СВР Велес.
Tweet |