речник контакт

Младите волонтери од кавадаречкиот Црвен крст на самохрана мајка и обезбедиле ладилник

Проектот го реалзирале преку повеќе хуманитарни содржини

Петар Печков

Млади волонтери на Општинската организација на Црвениот крст  од Кавадарци,  помогнаа на  самохрана мајка и нејзиното малолетно дете. Тие  купувајќи им  фрижидер и масичка кои им недостасувале во домот, им обезбедиле неопходно потребна помош. Оваа аквтивност е дел од проектот во рамките на програмата Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности

„Младите волонтери на Црвениот крст Кавадарци од ОУ Тошо Велков Пепето преку истражување, заедно со наставничката Орхидеја Димовска, за проектна цел одбраа да помогнат семејство на самохрана мајка која живее со малолетното дете. Тие  во својот дом немале  фрижидер и масичка. Преку организирање разни хуманитарни активности, како што се спортски турнир во училиштето, ликовен конкурс, музички концерт во училиштето и во концертната сала на ООМБУ Лазо Мицев Рале, прво- априлски базар на градскиот плоштад во Кавадарци и од други активности, успеаја да ги соберат потребните средства за остварување на нивната цел. Благодарност до сите кои го поддржаа проектот“ – кажа Димитар Каракулев, претседател на ОО Црвен крст Кавадарци. 

Учениците на проектот работеле под менторство на нивниот дисеминатор Даниела Лазовска од Црвениот крст Кавадарци. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »