речник контакт

Младите даваат поддршка на Левица, кажа нејзиниот лидер на почетокот на кампањата во родниот Велес

Налетот на партијата кој се поклопува со овие избори е незапирлив, рече Апасиев. Ќе бидеме со народот, пред се слушајќи ги неговите проблеми, сугестии, оти Левица е партија на народот, кажа носителот на советничката листа Димче Ацков

Петар Печков

Политичката партија Левица, од Велес, ја започна кампањата за локалните избори. Лидерот Димитар Апасиев, кој потенцира дека почнуваат од Титов Велес, неговиот роден град, реагираше на тоа што како партија, не можат да се рекламираат, што нанесува огромна штета како учесник во изборите.

Тој материјалната штета  ја процени на 400 илјади евра, поради не можноста да се политички да се рекламираат,  а политичката штета била огромна. Но и покрај тоа очекуваат многу повеќе гласови пд претходните избори.

„Цензурирана е регистрирана политичка партија,  во медиумите, радија, телевизии, портали, весници. Ова е директна порака од премиерот Мицкоски. Секаде се обративме, сите се прават на Тошо. Оваа лакрдија ќе заврши во Стразбур, но по две три години. Овие избори не сме рамноправен учесник. Но и покрај тоа ќе го постигнеме историскиот максимум, ќе имаме над 70 илјади гласа, кои ги освоивме на парламентарините избори. Налетот на партијата кој се поклопува со овие избори е незапирлив. Наштите кандидати поради неможноста за политичко рекламирање , во трка на 100 метри тргнуваат од старт а другите од 90 метри. Младите се вртат кон нашите кандидати и тука е нашата предност. Очекуваме историски скор а во Велес да имаме повеќе од сегашниот број советници, кои беа тројца. Овој нефер третман народот го чувствува  се  врти кон тој што му се прави неправда. Правните механизми ги исцрпевме, Уставниот суд спие, Граѓанскиот суд се прогласува за ненадлежен, Управниот исто така, комисијата за спречување дискриминација дава само мислење, но ќе ги добиеме во Стразбур“ – рече Апасиев.

На прашањето зошто во Велес немаат кандидат за градоначалник, тој кажа дека тоа било сплет на околности.

„Тоа е повеќе политичка одлука, отколку што е разумна. Ценевме дека немаме соодветен кандидат“ – дополни Апасиев. Потенцијални кандидати за Велес, градоначалник на Левица, биле три лица, но ниту еден не бил кандидиран. 

Се претстави и носителот на листа за членови на Советот на Општина Велес, Димче Ацков, кој изрази благодарност до неговите колеги, досегашните советници. Тој неговото обраќање го почна со зборовите на Рацин „Сепак ќе победиме“.

„Додека трае кампањата ќе бидеме на терен со граѓаните, бидејќи сме спречени за друг начин да се рекламираме, да бидеме присутни во јавноста.  Ќе бидеме со народот, пред се слушајќи ги неговите проблеми, сугестии, оти Левица е партија на народот. Тешко дека власта на локално ниво ги реализирала 400 проекти, за кој се фалеше. Ќе се бориме против непотизмот, тендерското работење да ги разобличиме и откриеме“ – реча Ацков.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »