Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 јуни 2015
Изработени кукли,накит,честитки и брошови од рециклиран материјал беа претставени на завршниот настан ,,Реупотребливи материјали".Тој беше во организација на Медиа Арт клубот на Младинскиот образовен форум од Велес. и тоа беше завршниот настан од неколкумесечната работа.
Целта на проектот "И старотото може да биде ново" е да се информираат не само младите, туку и другите граѓани во Велес за рециклирање на отпадот и реупотреба на истиот со намена во други облици и предмети.
Преку овој настан сакаме да ја поттикнеме свеста на младите во врска со рециклирање на отпадот како и реупотреба на истиот за друга намена - велат организаторите од Арт клубот.
Tweet |