речник контакт

Младите кајакари учествуваа на СП во кајак на диви води

Велешаните Небиовски и Златаров возеа во Краков

Петар Печков

Македонските репрезентативци  првиот ден го завршија настапот на СП во младински категории  во кајак слалом на диви води.  

Енис Небиовски кој настапуваше  во јуниорска конкуренција во К-1 имаше добар пласман, но недоволен за влез во полуфиналето. Тој во првата трка беше 38-ми од 80 натпреварувачи а  во втората трка беше 25-ти од 50.    

Александар Златаров кој возеше возраст до 23 год во К-1 во првата трка беше 63-ти од 75 а во втората 42-ри од 45.  

СП во младински категории се одржа од 12-ти до 17 јули  во Краков Полска а Македонија е претставувана со двајца учесници, велешаните  Небиовски и Златаров.

Тие ги продолжуваат настапите во трките во  завршницата од Европскиот кајак слалом куп на диви води во младинска категорија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »