Петар Печков
Објавено: петок, 20 март 2020
Кај велешани се јави дилемата за млади сограѓани, кои се враќаат со работа од крузерите, бидејќи повеќе не пловат, но и за возачите кои се враќаат од странство. Дали овие лица можат да го донесат корона вирусот? Епидемиолог примариус д-р Билјана Трајкова одговори дека овие лица сами треба да се изолираат.
Сите тие треба да се самоизолираат дома, сами без да се најават. Нема потреба да се јавуваат кај нас во Центарот за јавно здравје. Доколку се јави некои од симптомите, тогаш треба да побараат помош. Треба да останат во самоизолација 14 дена - изјави д-р Трајкова.
МВР отвори бесплатна телефонска линија - 0800 00 201 за прашањата кои се однесуваат околу корона вирусот, на протоколите за регулирање на сообраќајот на товарни возила, транзитирањето низ нашата држава, функицонирањето на граничните премини како и за информации поврзани со постапката за излекување на државјани на нашата земја кои се заглавени во некоја од странските земји и пријави за непочитување на препораките и одлуките донесени од страна на Владата.
Tweet |