речник контакт

Младите најмногу зафатени од епидемијата на заушки, сите тие вакцинирани со хрватски серум

Најголемиот број на заболени од заушки во Велес, се вакцинирани со серум од Имунолошкиот завод од Загреб – Република Хрватска, ова се статистичките показатели обработени од Заводот за здравствена заштита во градот.

Петар Печков

Најголемиот број на заболени од заушки во Велес, се вакцинирани со серум од Имунолошкиот завод од Загреб – Република Хрватска, ова се статистичките показатели обработени од Заводот за здравствена заштита во градот. Вакцинираните во периодот 1978-92 се најголемата група на пациенти кои се инфицирани од заушки во првиот квартал годинава. Од заразените 200, 146 лица примиле вакцина од Хрватска.

Ние како Завод можеме само да констатираме со бројки во кој период  кои лица се заболени, додека за квалитетот на вакцината можат да зборуваат други надлежни институции – изјавија од велешкиот ЗЗЗ, на прашањето дали вакцината е причина што најзагрозена група на лица се младите кои во  критичниот период примиле серум од Имунолошкиот завод во Хрватска. Во првите пет месеци од годинава бројката на заболени од заушки во Велес достигна до 250 пациенти, најмногу од нив се возраст од 15 до 26 години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »