Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 април 2016
Младите од Велес нередовно и неквалитетно се хранат. Поради ова Советот на млади од градот и Техничко -Технолошкиот факултет од Велес, започнаа серија на предавања за квалитетна и здрава исхрана. До ова дошле, оти две третини од испитаниците во анкета, побарале стручни лица да им ги посочат начините како да се хранат.
Постојано се зборува за здрава храна, моето предавање е за нездравата храна. Потребно е младите да ги знаат негативните страни на нездравата храна. Оваа популација знае дека се храни нездраво, но продолжуваат тоа да го прават. Нездравата храна доведува до одредени заболувања. Во брзото темпо на живот, родителите забораваат на децата и нивната исхрана. Хамбургерите, сендвичите, газираните пијалоци, се дел од секојдневието на средношколците и студентите. Голем дел од времето се поминуваат пред телевизор, компјутер, и за тоа време се грицка некоја нездрава храна - објаснува доцент доктор Викторија Стаматовска, професор на Техничко-технолошкиот факултет во Велес, при УКЛО Битола.
Анкетата била спроведена над 1.200 испитаници од Велес, на возраст од 15 до 30 години, каде 60 отсто биле женски а 40 отсто машки. Од одговорите констатирано е дека 55 отсто од испитаниците нема навика да појадува, овој оброк најчесто се избегнува. Младите во поголем број не внимаваат на внесот на калории и шеќер, преку цела недела постојано консумираат месо, млеко и нивни преработки.
Не се внимава ниту на рок на употреба, декларација, нутритативна табела на производите. Две третини од испитаните млади кога се под стгрес земаат повеќе храна оти ,,таа е најдобар лек,,. Токму поради овие резултати започнати се серија на едукативни предавања насловени ,,Здрави навики -здрав живот,, за тоа како исхраната влијае врз угоеноста
Угоеноста зема замав се повеќе во Македонија и таа е присутна во висок процнет кај децата. Таа може да предизвика голем број заболувања, кардиоваскуларни и дијабетис 2. Болести кои станааа секојдневие. Пред некои десетина години сендвичите, крофните, хамбургерите беа помали, сега порциите се далеку поголеми. Младите ја гледаат големината на оброкот што е страшно, оти така се внесуваат поголем број калории. Може да се внесат 200 калории но прашање е каква храна. Ако се внесе зеленчук или овошје тоа е здрава храна која желудникто лесно ја вари, но ако се земат 200 калории од сендвичи со маснотии, шеќери тоа создва потешкотии и повторно желудникот ќе биде празен - додава проф. Стаматовска.
Предавањата за здравата исхрана продолжуваат на различни целни групи, од младата популација во Велес.
Tweet |