речник контакт

Младите од велешкиот Црвен крст на дружење со децата со посебни потреби

Во посета на Стар Дојран и куќата на Рацин

Петар Печков

Во рамките на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“,есенски денови беа искористени за организирање на еднодневна прошетка со посета на спомен куќата на Кочо Рацин. Во неа  учествуваа волонтери од Клубот на млади и децата од Дневниот центар со одговорните лица.

Благодарение на љубезните домаќини,  не прошетаа низ сите простории во куќата  и ни објаснија за се што е изложено за животот и творештвото на познатиот поет и револуционер Кочо Солев Рацин, повеќе од два часа поминаа мошне брзо  - велат од подмладокот на Црвениот крст во Велес.  

По посетата заедно се организираше и прошетка до блискиот парк и оброк во природа. Цел на оваа еднодневна прошетка беше децата да поминат еден ден во окружување од нашето културно – историско минато, да се едуцираат, да се дружат и забавуваат. За сите учесници беше обезбедено храна и освежување.

Со истиот  проект „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, општинска организација на Црвен крст  Велес организираше еднодневна екскурзија до туристичкото летувалиште Стар Дојран. Во посетата учествуваа членови на Клубот на млади на Црвениот крст, штитеници од Дневниот центар за деца со посебни потреби со одговорните лица и деца без родителка грижа сметени во згрижувачки семејства. 

Цел на оваа еднодневна екскурзија беше децата да го видат ова туристичко место и природните убавини на Дојран и со волонтерите на Црвениот крст да поминат уште еден ден во дружење и забава - велат до Општинскито Црвен крст.

Екскурзијата започна со прошетка по кејот покрај плажите, по што следеше одмор со освежување и оброк. По ручекот сите заедно се прошетаа по прекрасната природа што го опкружува Дојран, а се најде време и за полесни спортски активности. Дружењето и забавата, што беа видливи кај сите учесници, секако, дадоа значаен придонес кон остварување на крајната цел социјализацијата на деца и млади со посебни потреби

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »