речник контакт

Младите одбојкари нa Борец трети во земјава

Ракометарите декласирани, фудбалерките со пораз ја завршија лигата

Петар Печков

Ракометарите  на Борец на гостувањето во Скопје  против последниот од табелата екипата на Металург 2 доживеаја висок пораз од 34:25 (13:11). Домаќините досега во 18 натпревари имаа освоено само еден  бод  и ова  беше нивна прва победа, против велешани кои се на една позиција погоре од Металург 2.  

Кај ГРК БОрец кој настапи некомплетен 8 гола постигна Гинов, додека кај  домаќините по исто толку 8 дадоа Гошевски и Димитриоски. Последното коло од плеј аутот се игра на 4-ти, сабота кога во салата Гемиџии Борец го пречекува составот на Вардар јуниор. Борец за да остане во ова друштво ќе игра бараж со второпласираната екипа од Првата  лига.

Во последното 18 коло од  Првата лига жени, фудбалерките на Борец дома загубија од составот нд Драгон, кој е двоен победник  во оваа сезона, првак и освојувач на Купот.  Скопјанки со 4:0 го победија Борец кој заврши со 10 бода на 8-то место. По завршувањето на средбата на гостинките им беше доделен  пехарот. Тие првенството го завршија без ниту еден загубен бод.  

 Во Велес, во салата на ОУ Блаже Конески се играше завршницата од одбојкарското првенство за младинци. Велешки Борец дојде до третото место и бронзата, откако во  полуфиналето загуби 2:1 од Лирија.  Во борбата за трето место ја  победија екипата на Пробиштип со 2:1. Првак е екипата на Струмица  која со 3:0  ја победи  Лирија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »