речник контакт

Младите украсни садници кои пролетва беа исечени куртулија, но немаше спас за нив откако во коренот есенва беше полеан мазут

Со цел да се обнови дрворедот на улица АСНОМ локалната власт деновиве ископала дупки за да засади нови садници, но на изнадување во нив бил полеан мазут

Петар Печков

Откако младите  садниците, кои пролетта во време на полициски час беа исечени, преживеаја и разеленија, есенва доживеаја ново уништување. Дел од нив се исушија, не вегетираат, откако во коренот е полеан мазут. Тоа е судбината на дрворедот на улица АНОМ, покрај оградата на Маслодајна. 

За потсетување првиот инцидент се случи ноќта помеѓу 29-ти и 30-ти март годинава,  беа исечени 14,  поголемиот дел од младите садници, кои таму беа засадени пред една година. Велешките екологисти со реакција за овој инцидент, но и тој од пред некој ден, кога беа украдени 10-тина млади јавори, стари две години.

„Очигледно некому му пречи овој дрворед кај Маслодајна, тука на таа ограда има место за плакатирање и рекламирање, има простор за паркирање иако е тротоар и можеме да се сомневаме кој и зошто ги уништува. За украдените од Градскиот парк, може да се каже дека некој грижливо ги отстранил сосе корен од земја, тие се високи 2,5 метри и не можат да се изнесат така лесно и едноставно. Или му требале за двор дома или во викендичка  на некој наш сограѓанин“ кажа Даниела Јовановиќ, активистка од ЕГ „Зелена сила.

Со цел да се обнови дрворедот на улица АСНОМ локалната власт деновиве ископала дупки за да засади нови садници. Но на изнадување во нив бил полеан мазут и истите не можат да се користат за засадување. За нивното сечење и уништување во март, се јавил сведок, кој раскажал што се случило и за тоа има истрага во велешка полиција, која досега не даде информации за можен сторител.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »