речник контакт

Младите хористи од ОУ Васил Главинов, дел од проектот „Балканот пее“ (видео)

Тие учествуваа со народната песна „Македоснко девојче“

Петар Печков

Младите хористи, ученици во ОУ Васил Главинов со нивната професорка Веселинка Маџарова беа дел од проектот „Балканот пее“.   Овој музички проект обедини млади ученици од републиките на поранешна Југославија.  Проектот се работеше неколку месеци, во време на ковид изолација.

 „Идејата е на Александра Станковиќ од Белград , која е претседател на музичките педагози на Србија. Соработката се случи преку нашето, македонски здружение на музички педагози, бидејќи имавме претходно соработка. Во проектот беше вклучена и колешката од средните училиште Георги Димитров и Никола Карев од Скопје професорката  Јасмина Беличанска“ - вели Маџарова.

Работеле три месеци, период кој барал многу труд и вложувања. Секоја од републиките учеснички,сами си избрале песна која ќе ја изведат и истата требало да је испеат и останатите учесници заеднички.  

„Беше напорно, сите проби ги изведувавме на програмот„тимс“. Беше потешко, бидејќи се работеше од дома, немаше контакт меѓусебен. Не може сите деца кои се хористи да учествува, па моравме да вршиме избор. И онлајн направивме добра работа и ги доведовме песните до убаво исполнување. Овој проект е мултикултурализам, оти децата запознаваат фолклор, ко нив им е непознат“ - дополни Маџарова.,

Таа и нејзината колешка од Скопје, Беличанска се одлучиле да ја изведат „Македонско девојче“, една од многуте песни обележје  на народот, државата.

„Иако има многу народни песни,  во избор беа многу други, но сметавме дека надвор од државата, во држави од поранешна Југославија, нема кој не ја знае Македонско девојче. Има убава мелодиска линија и затоа ја избравме токму неа“ - вели Маџасрова.

За илустрација хористити од Црна Гора је исполнуваат Марко скаче , Ајде Јано од Србија, од БиХ Мој дилбере, од Хрватска Весела ја шојадија и од Словенија Лепо цвеќе, младо цвеќе.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »