речник контакт

Младите членови од велешките семејства се заpaзуваат со корона, ја пренесуваат на постарите, кои завршуват во Болница

Во новите случаи е присутен британскиот сој, кој бргу го шири вирусот

Петар Печков

Зголемен е бројот на  хоспитализирани на Инфективното одделение од велешката Болница, зголемен бројот и на пациенти кои се на кислородна поддршка а расте и бројката на починати лица позитивни на ковид-19, оваа седмица во велешко.   Сите овие бројки покажуваат дека состојбата со корона вирусот во велешко е загрижувачка.

„Пациентите кои во поголем број се хоспитализирани се над 50 до 80 годишна возраст.  Повозрасните се со попратни болести и се во потешка состојба, тие се на кислородна поддршка, затоа се зголемува и оваа бројка.  Нема млади, нема деца кои се наши пациенти. Но имам ситуација кога цели фамилии се заболени и највозрасниот  секогаш има најмногу здравствени проблеми и  тоа лице е згрижено на Инфективно. Многу имаме возрасни пациенти  на одделението“ - кажа  инфектологот д-р Силвана Мишкова, началник на  Инфективното одделение од болницата.

Дополни дека ако продолжи овој тренд ќе биде потребно да се активира и модуларната болница наменета за ковид-19 случаи. Од Центарот за јавно здравје Велес потврдуваат дека има зголемување на бројот на ковид позитивни.

„Според епидемиолозите, во новите случаи е присутен британскиот сој. Заразени се  сите возрасни групи, воглавно тинејџери, потоа следат  постари лица, пензионери додека најмалку има деца од школска и претшколска возраст“ - рече д-р Весна Николовска Неделкова, директор на ЦЈЗ Велес.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »