речник контакт

Младо момче од Радовиш, моторист тешко е повредено откако излетало од автопат

Поради тежината на повредата момчето е итно префрлено на Клинички во Скопје

Петар Печков

Саботата  попладне моторист од Радовиш тешко е повреден, откако излетал од автопат кај локалитетот „Стоби“. Поради тежината на повредите пренесен е на Клинички во Скопје.

„На 27. август  околу 17.45 часот било пријавено дека на автопатот Неготино- Велес, во близина на археолошки локалитет „Стоби“, Д.И. (20 год) од Радовиш управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“- соопштија од МВР.

Интервенирала екипа на Итната помош.

„ Во 18 ч. примен е повик за сообраќајка, екипата веднаш заминала ан терен. Со  повреди на глава дадена е неопходна здравствена нега и мотористот е префрлен на хирургија, од болница Велес“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата  итна помош.

Од велешката болница соопштија дека повредениот имал тешка повреда на главата и поради тоа итно е префрлен на Клинички во Скопје.  Поради итноста на случајот амбулантната кола беше придружувана од полиција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »