речник контакт

Многу болни а малку грипозни

Иако за четири празнични дена во Брзата помош се примени илјада пациенти, во градот се регистрирани само 128 случаи на грип

Петар Печков

Официјалната бројка на заболени со грип во Велес е 128 лица, иако во амбулантите има трипати зголемен број на пациенти. Од Заводот за јавно здравство според пристигнатите бројки за изминатите 10 дена од оваа година, се регистрирани 128 заболени од грип а само во итната медицинска помош за Божикните празници се прегледани илјада пациенти и се пуштени по петстотини инјекции на ден или две илјади за сите четири дена.

Податоците што ги добиваме од матичните доктори покажуваат дека во Велес нема голем број на заболени од грип, додека повеќето пациенти имаат вирусни инфекции на респираторните органи. Тоа е проценка на матичните лекари – велат од Заводот за Јавно здравство во Велес.

Во примарното здравство докторите објаснуваат дека ако претходно имале по 60-тина пациенти на ден, сега таа бројка е до двестотини  прегледи а за преглед се чека по два часа. Преполно е и детското одделение на Општата Болница во Велес, каде се пополнети сите 60 креветчиња, поради што дел од децата се на дневна терапија. Од вкупниот број на заболени со грип во Велес, половината се деца на возраст до 18 години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »